Trying to get property of non-object [ On /var/www/virtual/jpop.com/public_html/generatrix/model/youtubeModel.php Line 63 ]
cista okolina - JPop.com
Artist info
cista okolina

cista okolina

cista okolina


ЧИСТА ОКОЛИНА Првата позначајна Хип Хоп појава во Македонија е поврзана со основањето на групата Чиста Околина која е оформена уште во 1989 година како унија од два бенда (групи) - Serious Bass (Рифат Емин и Ристо Солунчев) и Кељав Дабар (Веле Солучев, Аце Змејковски - Денвер Read more on Last.fm
ЧИСТА ОКОЛИНА Првата позначајна Хип Хоп појава во Македонија е поврзана со основањето на групата Чиста Околина која е оформена уште во 1989 година како унија од два бенда (групи) - Serious Bass (Рифат Емин и Ристо Солунчев) и Кељав Дабар (Веле Солучев, Аце Змејковски - Денвер, Александар Таковски и Александар Стаматов). Подоцна во 1991 година кон оваа унија се приклучуваат уште две групи Лош Вкус (Владо Трајчевски, Миро Попов, Самоил Петревски, Брцко) и (Б)Анален Отпор (Виктор Георгиев, Љубиша Петровски, Христијан Санев). Всушност токму во 1991 година се структуира бендот, како формално така и на идеолошки план (стил, имиџ, насока на дејствување и т.н.) Првите три години групата концертира само на свои приватни рап забави, а во 1992 година се случуваат првите позначајни настапи: " Rap'n'Roll фестивалот" во Младинскиот Културен центар и неколкуте клубски свирки. По овие настапи кон Чиста Околина се придружуваат: Џоге, Митко Гаштаровски и Ванчо Дамјански.

Сепак се до 1994 година поради несериозниот пристап и однос на тогашните медиуми кон Рапот и Хип Хоп културата,Чиста Околина остана во маргините на анонимноста. Но со активно работење, а посебно со соработката остварена со групата Last Expedition чиј заеднички производ е песната "Кељав Дабар", која според музичката емисија "Досие" е прогласена за Песна на 94 година, пошироката музичка јавност беше запознаена со квалитетите и капацитетите на групата. Во 1995 година следуваат учества и настапи на неколку фестивали: 2 Септември - Strip & Saund фестивалот ; 15 Септември - Трот Фест; Годеа Лаут фестивалот ;Учество во компилацијата "Македонски Документ - чекор втор. Во почетокот на 1996 година групата соработува со Игор Иванов во проектот во склоп на ТВ Бордозбање,толкувајки ја главната ролја во филмот "Кебето на Ацо Шопов", играјки се самата себеси.

На 14 мај 1996, со промоција во Масива го издава својот деби албум - касета "Новиот Аспект на Старата Школа" снимен во 1995 година во сопственото студио П.Н.Г.Т. (Палавштините на Гроздан Темелковски). До издавањето на албумот Чиста Околина имаше снимено преку 70 демо-снимки. Од создавањето до издавањето на албумот, многу луѓе беа членови на групата, на деби албумот се потпишани: Улав, Ицко, Скелеку Скас, V.G., Стамче Фолк, Деликвент, Самоил Царот, Миро, Скарфејс, Митко Пики Сипи, Кики, Спикер Тако, Ване најдолгиот, Јане баш буц и Џоге. Од создавањето до издавањето на албумот, многу луѓе беа членови на групата, на деби албумот се потпишани: Улав, Ицко, Скелеку Скас, V.G., Стамче Фолк, Деликвент, Самоил Царот, Миро, Скарфејс, Митко Пики Сипи, Кики, Спикер Тако, Ване најдолгиот, Јане баш буц и Џоге.

Албумот е прво "ортодоксно" издание во Македонија, во "Old School" стил тенденциозно снимен без семплер, произведен само на ритам машина и грамафон. На 17 мај 1997 година во магацинот на нова железничка станица Чиста Околина одржува самостоен концерт. Во 2000 година албумот "Новиот Аспект на Старата Школа" поради целосната распродажба на првиот тираж и побарувачката од публиката повторно се издава, овојпат под "капата" на Lithium Records. Read more on Last.fm.

User-contributed text is available under the Creative Commons By-SA License; additional terms may apply..
Top Albums

show me more

showing 4 out of 20 albums
Shoutbox
No Comment for this Artist found
Leave a comment


Comments From Around The Web
No blog found
Flickr Images
No images
Related videos
No video found
Tweets
No blogs found