Trying to get property of non-object [ On /var/www/virtual/jpop.com/public_html/generatrix/model/youtubeModel.php Line 63 ]
Undefined variable: cookie_headers [ On /var/www/virtual/jpop.com/public_html/generatrix/external/magpierss-0.72/extlib/Snoopy.class.inc Line 438 ]
Zafir Hadzimanov - JPop.com
Artist info
Zafir Hadzimanov

Zafir Hadzimanov

Zafir Hadzimanov


Зафир Хаџиманов е роден на 12.12.1943 год. Во Кавадарци, Македонија од татко Васил (магистер по фармација и етномузиколог) и мајка Вера (домаќинка). Гимназија и музичко училиште завршува во Скопје каде и ги прави првите успешни и професионални чекори во светот на театарот и музиката. Read more on Last.fm
Зафир Хаџиманов е роден на 12.12.1943 год. Во Кавадарци, Македонија од татко Васил (магистер по фармација и етномузиколог) и мајка Вера (домаќинка). Гимназија и музичко училиште завршува во Скопје каде и ги прави првите успешни и професионални чекори во светот на театарот и музиката. Во 1962 год.

се запишува на Факултетот за драмски уметности во Белград и во 1967 год. дипломира со одличен успех во класата на проф. Мате Милошевиќ. Пораснал "задоен" со изворната народна песна, во куќата на дедо му Зафир (значи го носи името на дедо му) во Маџир Маало ...

Пеел во ансамблите "АБЦД", "Димас", "Безимени". Од мал членувал во детската радиодрама. Вели дека Тодорка Кондова и Благоја Андреев се главни виновници за неговиот професионален избор - глумата. Заминава на студии во Белград со кофер полн радио снимки. Не можеше секој да снима за радио Скопје (ќе рече Зафир).

Не беше како сега: влези сине во студио, па тато ќе плати, мама ќе плати. Или умееш или не умееш да пееш. - Се започна од детската радио драма. Го забележа Димитар Масевски како си потпевнува, па основа еден квинтет, со Зафир како солист. Првата плоча ја снима во Белград, кога бил 2 година на студии, '62, '63 година.

По првата плоча втора плоча, по втората плоча прв фестивал. Од тогаш, па се до постоењето на поранешна Југославија, нема фестивал на кој учествувал, а да не освоји барем по една награда ... Во тоа време – кое беше време на фестивалите низ Југославија – за да успееш како пеач мораше да успееш на фестивал ... Во сплет на околности додека го служел воениот рок Зафир е поканет од Арсен Дедиќ – на фестивалот во Загреб во далечната '65 да исполни една негова композиција на "Човјек као ја". На фистивалот е приметен како одличен пејач а прогласен е и како најелегантен пејач на фестивалот – иако настапува во позајмена гардароба ...

За ова Зафир ке рече: “Кошулата ми ја позајми сега големиот режисер Александар Мандиќ, вратоврската ја добил од кумот Стефче Ацевски. За костум и некако успеал да собере некоја паричка, а чевли купивле по пола со другар. ... Потоа фестивалите го сакаат Зафира се редат Скопскиот ...

Опатија ... повторно Загреб ... Почнуваат турнеи по Југославија, но и по Русија - каде што снимил неколку плочи и телевизиски шоу-емисии. На четиримесечната турнеја во Русија ја запознава пејачката Сенка Велетаниќ – каде веројатно започнува љубовната ромаса која сеуште трае. Таа подоцна станува негова сопруга со која го имаат единствениот син Васил со извонредна музичка надареност.

Во една прилика на едно интрвју ке каже дека желбата на татко му е остварена преку неговиот син Васил (кој го носи името на дедому) кој заврши музичко образование и чекори по патеките на дедо му и татко му.. Уште како студент по глума постигнува извонредни успеси како во театарот, така и во светот на филмот и шоу бизнисот. Ги освојува првите значајни авторски и интерпретаторски награди на тогашните југо – фестивали: Белград, Загреб, Опатија, Сплит, Скопје, но и на интернационалните фестивали во Сопот – Полска и Варадеро – Куба. Зафир Хаџиманов ги игра главните улоги во филмот на Ж. Митровиќ „Нож“ и филмот на Трајче Попов од 1967 – „Македонска крвава свадба“. После завршените студии игра уште во неколку филмови и на театарските сцени во Белград, Скопје, Нови Сад и Бостон.

Добитник е на годишната актерска награда на Српскиот народен театар и специјална повелба на Здружението на театарски уметници на Србија за висок дострел во светот на актерството. Во народот Зафир Хаџиманов е уште попознат како кантавтор доминантен во светот на шансоните. Ја опеваше како неговата, така и поезијата на многу други врвни поети. Како никој друг во Македонија, компонирал десетина шансони и балади на стиховите на антологиските македонски поети од Константин Миладинов, Кочо Рацин, Блаже Конески и Ацо Шопов до Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Радован Павловски.

Подеднакво беше активен и успешен во компонирањето врз стихови на големите поети од бившите југословенски простори, како и од целиот свет, па неговите полици ги красат бројни награди и признанија од фестивали на поезија и музика почнувајќи од Струшките вечери на поезијата 1975 год. до Интернационален фестивал на шансони одржан во Загреб 2003 год.. Исто така како никој друг од неговата бранша, со посебен почит ја негуваше старата македонска народна песна. Сам или во тандем со неговата сопруга Сенка Велетанлиќ – Хаџиманова, сними десетина носачи на звук, ТВ програми и го обиколи светот пеејќи на концерти во СССР, САД, Канада, Куба, Австралија, Франција, Германија, Шведска, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија итн. Настапуваше и раскошно ја сееше убавината на својата и овдешната музика и поезија на сцените како Олимпија – Париз, Opera House – Сиднеј, Баљшој театар – Москва итн. Добитник е на Југословенската естрадна награда и истакнат уметник на Србија. Паралелно со сценската и музичка работа, Зафир Хаџиманов пишува и објавува поезија на два јазици – македонски и српски: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Брат“, како и книга со кратки раскази „Кисело – весело“.

Автор е на текстот, стиховите и музиката на првиот македонски мјузикл „Ало будење“ (Драмски театар Скопје, 1989-1993 год.) Во Бродвеј каде отиде по стапките на својот син каде игра во светскиот мјузикл "Занесени", а за "крем" во актерската кариера ја смета улогата во мјузиклот "Виолинист на покривот", која ја толкувал и во театарот "Форум ", во Бостон. Како дојде до ова Зафир раскажува: “.. Во 1996 со Сенка отидовме на дипломска вечер на синот Васил, кој дипломираше на "Беркли колеџ оф мјузик". Во кафеана ја запеав "Да сум богат човек", режисерот на мјузиклот ме слушнал и веднаш ме ангажираше.

Во Бостон останав два месеца. По враќањето, во Нови Сад ја толкував главната улога во мјузиклот "Човекот од Ла Манча", кој се постави во "Српско народно позориште". Актерството беше мојата најголема љубов..“ Зафир освен што има прекрасен вокал – свири одлично гитара и пијано, а одлично ги зборува рускиот и англискиот јазик. Со носталгија и со треперлив глас зборува за татко му - кој истотака одлично свирел на музички инструменти ... Како глумец Зафир игра главни улоги во филмовите Македонска крвава свадба (Главна улога) 1967 … Време без војна (Споредна улога) 1969 ...

Македонска сага (Споредна улога) 1993 ... Makedonska saga (1994) ... Higijenske navike vojnika (1972) ... Vreme bez rata (1969) ...

Noz (1967) ... Зафир Хаџиманов живее во Белград и обележа 40 години уметничка работа во областа на музиката, поезијата и актерството. Претседател е на Српско – македонското друштво „Шар планина“, бидејќи од секогаш бил амбасадор на културата, традицијата и уметноста на овие две земји. Во фебруари 2002 год. ја доби Наградата за животно дело на скопското радио Буба Мара.

Во Нови Сад му е доделена Награда за животно дело според гласовите на гледачите на „ТВ Јесенјин“. Често си доаѓа и дома во Скопје каде има оставено мал стан каде ги чува спомените од детството, пијаното, неколку гитари и мандолини, стариот орман во кој се осеќа духот на фамилијарната историја и мирисот од домот на татко му и дедо му. На 15ти Март 2007 год. го одржа својот проштален концерт во Универзалната сала во Скопје кој со воодушевување беше примен од македонска публика, каде настапи со својот стандарден дел од фамилијата, неговата сопруга Сенка, синот Васил со неговиот бенд и други колеги. Истата година стана почесен амбасадор на културата на Македонија во Белград. Едни од неговите најдобри композиции по кои ќе остане запаметен се: - "Како Вардар", - "Ноќеска шумеа брезите", - "Љубов неверна", - "Љуби ме и главата горе" - “Земи моме македонче па да видиш што е рај“ - "Од љубов не се бега" - “Девојко, зрело јаболко“ - “Био је мај“ - “Саноќ седам Трено“ Read more on Last.fm. User-contributed text is available under the Creative Commons By-SA License; additional terms may apply..

Top Albums

show me more

showing 4 out of 20 albums
Shoutbox
No Comment for this Artist found
Leave a comment


Comments From Around The Web
No blog found
Flickr Images
No images
Related videos
No video found
Tweets
No blogs found